Владата на Република Македонија ја усвои стратегијата за развој на одбраната и армијата

Министерката за одбрана на Македонија Радмила Шекеринска истакна дека нејзината земја за неколку месеци ќе стане полноправна членка на НАТО од чија страна идната недела ќе добие покана за членство

1005992
Владата на Република Македонија ја усвои стратегијата за развој на одбраната и армијата

Владата на Република Македонија ја усвои стратегијата за развој на одбраната и армијата.

Во говорот што го одржа на гласањето министерката за одбрана на Македонија Радмила Шекеринска истакна дека нејзината земја за неколку месеци ќе стане полноправна членка на НАТО од чија страна идната недела ќе добие покана за членство.

Шекеринска напомена дека Македонија работи доследно на реформите и дека ги исполнува сите барања за членство во НАТО. 

Македонската министерка за одбрана Шекеринска рече: „Овој стратегиски документ всушност претставува дневен ред на целата одбранбена реформа на Република Македонија. Подготвувањето на овој документ е фрлен значаен чекор во правец на гаранцијата за нашата безбедност и нашето членство во НАТО.“ 

Шекеринска својот говор го продолжи со следните зборови: „Идната недела ќе добиеме покана за членство во НАТО. Тоа значи дека после неколку месеци ќе започне процесот на одобрување на протоколот за членство на Македонија и од тој момент ќе учествува на сите средби на НАТО и ќе стане дел од Советот.“

Радмила Шекеринска го додаде и следното: „Пред една година откако Црна Гора беше вклучена во НАТО јас им честитав ним и реков дека наша цел е Македонија да ја направиме 30-сета членка на Сојузот. Овие мои зборови од пред една година беа како желба, сега пак станаа вистина.“ 

Инаку, претстојниот самит на НАТО ќе се одржи на 11 и 12 јули во белгискиот главен град Брисел.



Слични вести