Собранието на Македонија по втор пат го ратификува договорот за спорот со името

Собранието на Република Македонија на денешната седница со 69 гласа „за“ и еден воздржан по втор пат го изгласа Законот за ратификација на Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство

1006579
Собранието на Македонија по втор пат го ратификува договорот за спорот со името

Договорот за решавање на спорот за името со Грција по втор пат беше изгласан во Собранието на Македонја.

На седницата на која повторно се гласаше за Законот за ратификација на Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство од вкупно 120 пратеници колку што брои собранието присуствуваа 70 пратеници од кои 69 гласаа „за“, а еден беше воздржан.

Пратениците на опозицијата под водство на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров се обрати пред пратениците во Собранието.

Осврнувајќи се на забелешките од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, поради кои рече дека нема да го потпише Законот, Димитров истакна дека посебноста на македонскиот идентитет и јазик согласно договорот не се загрозени.

„Конечната спогодба не само што не го загрозува македонскиот идентитет, туку и го реафирмира и го зацрвстува како никогаш досега. Во практика договорот ќе донесе етаблирање на идентитетот и ќе ја надмине вечната борба за јазикот, идентитетот, ќе влеземе во ЕУ, ќе се печатат документи на македонски јазик со македонски превод“, истакна министерот Димитров.

Шефот на македонската дипломатија додаде и дека по ова гласање, согласно законите, претседателот на државата е должен да го потпише Указот. 

Димитров, за забелешките од Иванов дека меѓународни договори потпишува само претседателот на државата, посочи дека меѓународни договори во име на Република Македонија може да склучи и Владата на Република Македонија.

Според неговите зборови, неточна е забелешката од претседателот на државата, дека спогодбата шири страв и оти ја доведува Македонија во состојба на потчинетост кон Грција.

Претходно претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека по повторната ратификација на договорот ќе го испрати во Службениот весник на Република Македонија каде што ќе биде објавен без потписот на претседателот Иванов.

Инаку, историскиот договор за решавање на „проблемот со името“ кој што продолжува долги години помеѓу Грција и Македонија беше потпишан на 17 јуни.

Договорот кој што предвидува името на Република Македонија да се промени како „Северна Република Македонија“ претходно беше ратификуван во македонското собрание на 20 јуни.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов пак на одржаната конференција за претставниците на печатот на 26 јуни истакна дека овој договор е во спротивност со Уставот на Македонија и дека нема да го потпише. 

Нагласувајќи дека тој своите одговорности како претседател на државата ги исполнува во правец на Уставот на Македонија, законите и интересите на земјата, Иванов рече: „Затоа одлучив да не го потпишан договорот во врска со проблемот со името помеѓу Грција и Македонија.“

 



Слични вести