Министерот за национална одбрана Нуреттин Џаникли во посета на Босна и Херцеговина

Министерот за национална одбрана Нуреттин Џаникли се состана со министерката за одбрана на Босна и Херцеговина Марина Пендеш со која претседаваа и на меѓуделегациските разговори

1005841
Министерот за национална одбрана Нуреттин Џаникли во посета на Босна и Херцеговина

Министерот за национална одбрана Нуреттин Џаникли во Сараево каде што отпатува во официјална посета најпрвин ги посети гробиштата Ковачи.

Министерот Џаникли постави венец на споменикот на Незнајниот војник, а потоа го посети гробот на првиот претседател на независна Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ.

Нуреттин Џаниклипостави венец на гробот на покојниот Алија Изетбеговиќ и читаше дова, а потоа опремина во министерството за одбрана на Босна и Херцеговина.

Министерот за национална одбрана Нуреттин Џаникли се состана со министерката за одбрана на Босна и Херцеговина Марина Пендеш со која заедно претседаваа на меѓуделегациските разговори.

На одржаната заедничка конференција за претставниците на печатот по состанокот зад затворени врати, министерот Нуреттин Џаникли привлече внимание кон историските врски помеѓу двете земји и нагласи дека Босна и Херцеговина располага со стратешка местоположба на Балканот.  

Велејќи „Без да постои стабилност во Босна и Хереговина нема да постои стабилност на Балканот и без да постои стабилност на Балканот нема да има стабилност во Европа и во светот“, Џаникли се осврна на значењето од воспоставување на внатрешните динамики и внатрешните баланси во рамките на Дејтонскиот мировен договор. 

Истакнувајќи дека односите помеѓу Турција и Босна и Херцеговина се одвиваат во рамките на братството, Џаникли рече: „Ние на секоја платформа ја даваме и ќе продолжиме да ја даваме секој вид најсилна поддршка за што побрза интеграција на Босна и Херцеговина со евроатланските институции, вклучувајќи го и НАТО и со институциите на Европската унија (ЕУ). Веруваме дека Босна и Херцеговина во најскоро рвеме ќе стане членка на НАТО и ЕУ.“

Џаникли истакна дека е постигната согласност по прашањето на уште повеќе унапредување на соработката помеѓу Турција и Босна и Херцеговина во сферата на одбраната.

Министерот за национална одбрана Нуреттин Џаникли нагласи дека неговата остварена средба со министерката за одбрана на Босна и Херцеговина Марина Пендеш била мошне конструктувна и продуктивна, а воедно додаде дека била постигната согласност по прашањето на уште повеќе унапредување на соработката помеѓу двете земји во сферата на одбраната.



Слични вести