Панос Каменос: Со сите сили ќе го спречам договорот за промена на името на северниот сосед

Министерот за одбрана на Грција Панос Каменос, се закани дека ќе го спречи гласањето на иницијативата за промена на името на северниот сосед во парламентот, пред за тоа да се изјасни јавноста.

1004881
Панос Каменос: Со сите сили ќе го спречам договорот за промена на името на северниот сосед

Министерот за одбрана на Грција Панос Каменос, спротивставувајќи се на  договорот потпишан со соседот Македонија околу промената на името на оваа држава, се закани дека ќе го спречи гласањето на иницијативата во парламентот пред за тоа да се изјасни јавноста.

Каменос се заложи договорот за името да биде поставен на референдум или преку избори да и се даде можност на јавноста за изјаснување по истиот.

Каменос за договорот рече дека е лош според него, дека не го прифаќа и дека со сите сили ќе се обиде да го спречи.

Каменос рече:

 „Сосема отворено кажувам,овој договор нема да биде поставен на гласање пред за него да се изјасни грчкиот народ. Тоа е можно да се изведе или преку референдум или преку избори. Јас како претседател на Партијата Независни Грци, инаку коалиционен партнер во власта, изјавувам дека ја преземам сета одговорност по ова прашање.

 



Слични вести