Ципрас: ЕУ е длабоко поделена помеѓу два начини на сфаќање

Грчкиот премиер Алексис Ципрас истакна дека Европската унија (ЕУ) е длабоко поделена помеѓу два начини на сфаќање и тоа шовинистичкото и антиимигрантско сфаќање и демократското хуманистичко сфаќање

1003063
Ципрас: ЕУ е длабоко поделена помеѓу два начини на сфаќање

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на крајот на лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) во белгискиот главен град Брисе на кој учествуваа шефовите и држави или влади на 28 земји членки на ЕУ даде изјава за претставниците на печатот.

Ципрас истакна дека Европската унија (ЕУ) е длабоко поделена помеѓу два начини на сфаќање. 

Нагласувајќи дека основните вредности на ЕУ како што се почитувањето на човековите права, солидарноста и хуманизмот не се споделуваат од страна на сите 28 земји членки, Ципрас рече: „Европската унија (ЕУ) е длабоко поделена помеѓу два начини на сфаќање, помеѓу шовинистичкото и антиимигрантско сфаќање и демократското хуманистичко сфаќање.“

Алексис Ципрас укажа на тоа дека се има за цел со мигрантскиот бран кон Европа да се управува координирано и колективно, по што продолжи со следните зборови: „Со Германија и Шпанија се договоривме во однос на рамковни принципи. Целиме кон сведување на минимум на второстепените бранови со кои што се има за цел семејно обединување.“

Застанувајќи во одбрана на тоа дека договорот не причинува дополнителен имигрантски товар за Грција, Ципрас рече: „Поради тоа што балканската рута е затворена и во тек се две операции на ФРОНТЕКС на нашата северна граница бранот за кој што станува збор месечно изнесува околу 100-150 лица. Германија пак ќе го разгледа доставеното барање од страна на Грција кое што инаку е замрзнато, за обединување на 1.900 семејства.“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас привлече внимание дека ќе продолжи да се работи одблизу со Турција и упати повик во однос на тоа дека освен спогодбата меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) треба да се применува и замрзнатиот билатерален договор за реадмисија.

Освен тоа Ципрас напомена дека нема да се изгради нов бегалски камп на егејските острови каде што се држат бегалците во склопот на договорот за бегалци.

 



Слични вести