Утре се одржуваат локални избори во Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

За утрешните локални избори во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во списокот на гласачи се регистрирани 191 илјада 153 бирачи кои ќе гласаат во транспарентни гласачки кутии кои што ќе се употребат за прв пат

997979
Утре се одржуваат локални избори во Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) утре ќе се одржат локални избори.

Кипарските Турци ќе гласаат за избор на новите претседатели на општини, членови на општински собранија, претседатели на месни заедници и членови на старешински совети.

За изборите во списокот на гласачи се регистрирани  191 илјада 153 бирачи кои ќе  гласаат во транспарентни гласачки кутии кои што ќе се употребат за прв пат.  

На изборите ќе се гласа за 26 претседатели на општини и за вкупно 280 членови на општински собранија. За претседатели на општини ќе се натпреваруваат 111 кандидати.

Од друга страна, согласно изборниот календар предизборната пропаганда која што започна на 15 мај ќе заврши денеска и ќе стапат на сила изборните забрани.

 



Слични вести