Олеснува долгот на Грција

Грција исполни 88 предуслови за олеснување на долгот

997167
Олеснува долгот на Грција

Како завршува 8 годишната програма за спасување на Грција, олеснува и долгот на оваа земја.

Претседателот на Еврогрупата Марио Сентено рече дека постигнале согласност околу пакетот за олеснување на долгот за обезбедување на одржливоста на долгот.

По состанокот на Еврогрупата во Луксембург, Сентено одржа прес конференција по состанокот на министрите за финансии на 19 земји членки на ЕУ кои употребуваат евро.

Сентено рече дека на состанокот размениле мислења и во врска со програмата за спасување што се спроведува во Грција потенцирајќи дека на крајот на спроведувањето на 8 годишната програма, Грција ќе може да застане на сопствени нозе.

Програмата за спасување помина успешно. Во рамките на четвртата и последна серија на разгледување на програмата за спасување на Грција, надлежните установи потврдија дека се исполнети 88 предуслови. Тоа пак покажува дека Грција успешно го заврши процесот на спроведување на програмата за спасување. Во иднина нема да се спроведува некоја друга програма за спасување на Грција, рече Сентено.

Во рамките на досегашните 3 програми за спасување на Грција и беа обезбедени извори во износ од 240 милијарди евра со ниска каматна стапка. Анализата на установите за одржливост на долгот покажува дека за обезбедување на одржливоста на долгот на Грција треба да се спроведе поголемо намалување на долгот.

Сентено меѓудругото потенцираше дека за враќање на Грција на финансиските пазари биле преземени и потребни мерки на тоа поле. Постигнавме согласност околу пакетот за олеснување на долгот со цел д асе обезбеди одржливоста на долгот на Грција. Овој пакет во кредитите на Европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФСФ) содржи 10 годишно пролонгирање и 10 годишно одложување на каматните стапки и амортизација.

Сентено потсети дека програмата за спасување на Грција ќе заврши на 20 август и дека за натамошно опстојување на крајот на програмата на Грција ќе и се обезбеди нов кредит од 15 милијарди евра.

На тој начин Грција ќе ја заврши последната фаза на програмата на пакетот за спасување кој се предвидува да заврши на 20 август.

Во рамките на програмата беше олесната исплатата на дел од јавниот долг на Грција кој вкупно изнесува околу 315 милијарди евра.

На барање на доверителите, минатата недела парламентот на Грција го усвои и последниот пакет на програмата за спасување од 2010 година.

Имено од 2010 година наваму Грција спроведе три програми за спасување и од аспект на стапката на националниот доход во еврозоната со околу 180 насто е земја со најголем долг.



Слични вести