Во Унгарија усвоен уставниот амандман „Стоп Сорос“

Владејачката партија Фидез (Унгарски граѓански сојуз) со поддршка на пратениците на главната опозициона екстремно десничарска партија Јобик (Движење за подобра Унгарија) уставниот амандман го усвои со 160 гласови

996684
Во Унгарија усвоен уставниот амандман „Стоп Сорос“

Во рамките на борбата против илегалната миграција во Унгарија, Парламентот го усвои уставниот амандман познат и како „Стоп Сорос“ со кој се предвидува забрана на сместувањето на бегалците и мигрантите.

Уставниот амандман кој е познат и под името „Стоп Сорос“ а кој беше изготвен од страна на владејачката партија Фидез (Унгарски граѓански сојуз) и доставен до Парламентот, беше усвоен со поддршка на пратениците на главната опозициона екстремно десничарска партија Јобик (Движење за подобра Унгарија) и тоа со 160 гласови за, а 18 против.

Со новиот закон се предвидува казна затвор за сите оние коишто учествуваат во организирањето на илегалните миграции како и оние што им помагаат на мигрантите.

Од друга страна пак и уставниот амандман кој беше доставен од страна на владејачката партија Фидез до парламентот со поддршка на Јобик беше усвоена со 159 гласови за, додека 5 пратеници гласаа против.

Со уставниот амандман се предвидува задолжителна заштита на христијанската култура во Унгарија, а се забранува доселувањето и сместувањето на странците.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во изјавата на 14 мај рече дека предлог-законот „Стоп Сорос“ претставува најзначајна придобивка на парламентарните избори што се одржаа на 8 април на кои партијата Фидез обезбеди двотретинско мнозинство во парламентот, изнесувајќи го тврдењето дека Унгарците во суштина гласаа за одобрување на овој закон, поради што веднаш по формирањето на новата влада на дневен ред на парламентот го постави гласањето на законот.

Актуелната Влада на Унгарија која е позната по остриот став против бегалците и мигрантите, американскиот бизнисмен од унгарско потекло Џорџ Сорос го обвинува за финансирање на невладините организации со кои годишно во Европа поттикнува пренесување на 1 милион бегалци и мигранти.

Изминатите месеци унгарската влада започна масовна кампања против Сорос.

Инаку освен премиерот Орбан, исто така и голем број пратеници во владата на партијата Фидез се образуваа со стипендиите на фондациите кои беа финансирани од страна на Сорос.

Премиерот Виктор Орбан со стипендијата на Сорос во 1989 година студираше на Англиска либерална историја на филозофијата на колеџот Пемброк при универзитетот Оксфорд.



Слични вести