Румен Радев во посета на Србија

Историскиот мир кој ја сочинува основата на Европа треба да завладее и на Балканот

996962
Румен Радев во посета на Србија

Бугарскиот претседател Румен Радев кој престојува во посета на Србија рече дека историскиот мир кој ја сочинува основата на Европа треба да завладее и на Балканот.

Во рамките на официјалната посета на Србија, Радев во Белград се состана со српскиот претседател Александар Вучиќ.

На заедничката прес конференција со српскиот колега, Радев рече дека Бугарија ќе го поддржи членството на Србија во ЕУ потенцирајќи дека единствен пат за воспоставување на стабилноста и безбедноста во регионот е преземање заеднички активности.

Историскиот мир кој ја сочинува основата на Европа треба да завладее и на Балканот. Затоа сите сме должни да го направиме сето она што е потребно во врска со прашањето.

Радев рече дека наместо старите реторики на омраза треба да се формира партнерство и заеднички активности.

Ние сме свесни за тоа, но тоа не е доволно. Сите земји кои што се наоѓаат во овој чувствителен регион треба да бидат свесни за тоа.

Србија постои можност да биде членка во ЕУ до 2025 година рече Радев изнесувајќи го ставот дека покрај тоа што овој датум можеби малку е претенциозен за пристапување во ЕУ, исто така е и реален.

Во освртот на посредничката улога на ЕУ во дијалогот меѓу Србија и Косово, Радев рече дека овој дијалогот нема алтернатива. Србија што поскоро треба да го реши спорот со Косово за да не се соочи со пречки на патот за пристапување во ЕУ.

Радев потсети дека Бугарија ја призна независноста на Косово потенцирајќи дека за постигнување долготрајно решение, треба да се земат во предвид и аргументите на српската страна.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази задоволство од пречекот на Радев во Белград потенцирајќи дека односите меѓи Србија и Бугарија секој изминат ден се повеќе се развиваат.



Слични вести