Потпишан договорот за решавање на спорот за името помеѓу Македонија и Грција

Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името го потпишаа министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас и медијаторот во преговорите амбасадорот на Обединетите Нации Метју Нимиц

993750
Потпишан договорот за решавање на спорот за името помеѓу Македонија и Грција
Makedonya Yunanistan anlaşmayı imzaladı.jpg

Владите на Република Македонија и Република Грција денеска на грчката страна на Преспанското Езеро го потпишаа Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство, според кој Република Македонија ќе го смени своето име во Република Северна Македонија, јавува новинската агенција Анадолија (Anadolu Agency AA).

Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство го потпишаа министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Република Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, заедно со медијаторот во преговорите амбасадорот на Обединетите Нации, Метју Нимиц.

На церемонијата на потпишување на договорот присуствуваа и грчкиот премиер Алексис Ципрас и македонскиот премиер Зоран Заев, како и Високата претставничка за надворшени работи и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Инаку, договорот предвидува името на Република Македонија да се промени во „Република Северна Македонија“ и да се крене ветото на Грција во однос на членството на Македонија во Европската унија (ЕУ) и НАТО.



Слични вести