Премиерот на Р. Македонија Зоран Заев упати писмо со честитки по повод Рамазан Бајрам

„Да ја јакнеме Македонија како пример за соживот, почит и разбирање за луѓето од сите вери и нации, и да создаваме дела и вредности за следните генерации“, се вели во писмото на премиерот Заев до муслиманските верници

993316
Премиерот на Р. Македонија Зоран Заев упати писмо со честитки по повод Рамазан Бајрам

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, упати писмо со срдечни честитки по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам до поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) во Република Македонија Сулејман Реџепи, со порака и желби до сите верници од исламската вероисповед празникот да ги исполни со топлина и радост нивните домови и души, пренесува новинската агенција Анадолија (Anadolu Agency AA).

Премиерот Заев во честитките по повод Рамазан Бајрам, посакува празникот и оваа година да биде повод за зацврстување на верата и надежта во подобра иднина и напредок и да биде уште еден придонес за заедништво во семејствата, меѓу соседите, пријателите и меѓу сите луѓе со добра волја и мисла.

„Со искрената посветеност на Бога, сите заедно и искрено да продолжиме со традицијата која со векови живее на овие простори. Да ја јакнеме Македонија како пример за соживот, почит и разбирање за луѓето од сите вери и нации и да создаваме дела и вредности за следните генерации“, се вели во писмото на премиерот Заев до муслиманските верници во Република Македонија, по повод празникот Рамазан Бајрам.

Постот во месецот Рамазан за муслиманите заврши завчера, а вчера рано наутро е извршена молитвата по повод големиот празник Рамазан Бајрам, кој се слави по месецот на постот.

Веднаш по молитвата муслиманите овој празник го прославуваат во кругот на семејството и своите најблиски и пријателите, посетувајќи се меѓусебно.



Слични вести