Група Грци во Атина одржаа протести против договорот за името меѓу Грција и Македонија

На гласањето за интерпелацијата кое се очекува да се одржи утре, истата за да се усвои треба да гласаат најмалку половина од 300 пратеници во собранието на Грција

993112
Група Грци во Атина одржаа протести против договорот за името меѓу Грција и Македонија

Група Грци во Атина одржаа протести против договорот за името меѓу Грција и Македонија.

Групата која се собра на плоштадот Синтагма пред Собранието на Грција извикуваше „Македонија е Грчка“, додека во рацете носеа плакати на кои пишуваше „Тргнете ги рацете од Македонија“.

Протестите кои се одржаа за време на дискусиите во врска со интерпелацијата која што беше поднесена против Владата во парламентот траеја два часа.

Договорот кој беше постигнат меѓу Владите на двете земји за промена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија го запали фитилот на политичките дискусии во Грција, поради што главната опозициона партија Нова Демократија поднесе интерпелација.

Претседателот на партијата Нова демократија Кириакос Мичотакис во врска со дефинирањето на националноста и јазикот на соседната земја во Македонци и македонски го изнесе ставот дека тоа претставува повлекување од црвените линии.

На гласањето за интерпелацијата кое се очекува да се одржи утре, истата за да се усвои треба да гласаат најмалку половина од 300 пратеници во собранието на Грција.

Покрај тоа што претседателот на партијата Независни Грци (АНЕЛ) која е коалициона партија на актуелната грчка влада и министер за одбрана Панос Каменос рече дека нема да го одобри договорот, на гласањето за интерпелација рече дека ќе гласаат против.

Според договорот за спорот околу името меѓу Грција и Македонија, името на Македонија се предвидува да се промени во Република Северна Македонија со што се очекува да се отвори патот на Македонија за влез во НАТО и ЕУ.

Турција и голем број други земји во светот Македонија ја признаваат под нејзиното уставно име Република Македонија, додека Грција под изговор дека во рамките на нејзините територијални граници се наоѓа истоимена област, бара да се промени името на земјата.

Македонија од 1991 година наваму кога ја прогласи независноста, поради спорот околу името со јужниот сосед Грција не може да влезе во ЕУ и НАТО.



Слични вести