Турција стори многу за нас

„За нас направија многу, и допрва ќе направат. Тоа е од огромно значење за нас. И затоа таквите односи сакаме да ги градиме за сите. Да го ​​подобриме имиџот и угледот на Србија во светот“

991279
Турција стори многу за нас

Патувањето во Ескишехир за отворањето на Трансанадолискиот гасовод за нас е од големо билатерално значење. Чест е да се биде поканет, иако не мислам дека таму ќе има многу гас за Србија. Но, ќе има за Албанија и Италија. Нам ни останува да покажеме понатамошен и постојан напредок на односите помеѓу Србија и Турција, истакна претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Вучиќ, за време на отворањето на првиот Логистички центар на германскиот трговски синџир „Лидл“ („Lidl“) во Србија, во Нова Пазова, изјави дека турските инвестиции биле од големо значење за економското зајакнување во помалите општини во Србија, како што се Лебан, Житораѓе, Крупањ, Бела Паланка и Владичин Хан, каде што не би ни имало инвестиции доколку не биле турските компании.

„Сакам да имаме најдобри односи со Турција“, нагласи српскиот претседател, додавајќи дека обврска му е да ја прифати поканата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, бидејќи и Ердоган, но и турските стопанственици, одговориле на неговиот повик за инвестирање во одредени општини во Србија:

„Моја обврска е да одам. Што и да бараат од мене пријателите, сакам да видам што е она што можам да го сторам, бидејќи тие за нас направија многу, и допрва ќе направат. Тоа е од огромно значење за нас. И затоа таквите односи сакаме да ги градиме за сите. Да го ​​подобриме имиџот и угледот на Србија во светот.“



Слични вести