Двајца новинари во Западна Тракија, Грција осудени на затворски казни од по 20 месеци

Сопственикот на весникот „Миллет“ Џенгиз Омер и главниот колумнист на весникот Фејзуллах Хасанќахја кои се обвинуваат за навреда против муфтиите на Ксанти и Комотини во Западна Тракија беа осудени на затворски казни од по 20 месеци

988524
Двајца новинари во Западна Тракија, Грција осудени на затворски казни од по 20 месеци

Сопственикот и новинарот на весникот „Миллет“ (Народ) кој се објавува во Грција поради тоа што го критикуваа изборот на муфтиите во Ксанти (турски Искече) и Комотини (турски Ѓумулџине) по пат на нивно назначување од страна на грчките власти добија затворски казни од по 20 месеци.

Сопственикот на весникот „Миллет“ Џенгиз Омер и главниот колумнист на весникот Фејзуллах Хасанќахја кои се обвинуваат за навреда по пат на печатот против муфтиите на Ксанти (турски Искече) и Комотини (турски Ѓумулџине) во Западна Тракија кои се избрани со нивно назначување директно од страна на грчката држава беа осудени на затворски казни од по 20 месеци.

Судскиот процес за навреда покренат од страна на назначените муфтии на Ксанти (турски Искече) и Комотини (турски Ѓумулџине) Мехмет Емин Шиникоглу и Џемали Мечо против сопственикот на весникот „Миллет“ кој што се објавува во Ксанти (турски Искече) Џенгиз Омер и главниот колумнист на весникот Фејзуллах Хасанќахја кој изнел навреди против нив во една негова колумна, се одржа во Кривичниот суд со три судии во Ксанти (турски Искече).

Притоа судот на Џенгиз Омер и Фејзуллах Хасанќахја им изрече затворски казни од по 20 месеци со одложување од 3 години. 

Омер и Хасанќахја ја обжалија оваа пресуда до повисок суд и Омер и Хасанќахја беа пуштени на слобода.

Главниот колумнист на весникот „Миллет“ Фејзуллах Хасанќахја во изјавата за дописникот на новинската агенција Анадолија истакна дека правата на муслиманското турско малцинство во Западна Тракија кои се земени под гаранција со договори постојано се прекршуваат од страна на грчките власти и рече дека тужбите против весникот „Миллет“ се поднесени затоа што овие прекршувања ги изнесува по пат на печатот.

Велејќи дека проблемот со муфтиите во Западна Тракија е едниот од „хроничните проблеми на малцинствата“, Хасанќахја рече: „Се попречува правото на Турците муслимани во Западна Тракија за управување со своите сопствени институции, како нивно најосновно право. Муфтиството е едната од најдоверливите институции на муслиманите. Муслиманската турска заедница најдобро знае кој е достоен за да управува со муфтиството во една немуслиманска земја. За жал грчките власти, на диктаторски начин, на начин кој што не го одобрува општеството ги поставуваат насилно на чело на муфтиството неспособните и недостојните лица, без претходно да се посоветуваат со Турците муслимани во Западна Тракија.“

Инаку, верските лидери, муфтиите и делегациите за управување со Вакафите на муслиманското турско малцинство во Западна Тракија се избираат по пат на нивно директно назначување од страна на грчката држава. Турското малцинство пак се противи на овие применувања и бара муфтиите да се избираат по пат на избори.

 



Слични вести