Протести во Грција против името Македонија

Најголемите демонстрации се одржаа во градот Пела кој што се смета за родно место на Александар Велики

987634
Протести во Грција против името Македонија

Во неколку градови во Грција се одржаа протести против преговорите меѓу македонската и грчката влада околу спорот со името меѓу двете земји.

Најголемите демонстрации се одржаа во градот Пела кој се наоѓа во северниот дел на Грција, град кој се смета за родно место на Александар Велики. Демонстрантите носеа грчки знамиња, и извикуваа пароли, меѓу кои и „Македонија е Грчка“.

Слични демонстрации се одржаа и во регионот Македонија кој се наоѓа во северниот дел на Грција. Преговорите меѓу Македонија и Грција се интензивирани особено во последниот месец, а зголемени се очекувањата за решение за спорот со името.

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, претходно истакна дека на преговарачка маса се наоѓаат следните имиња: „Северна Македонија“, „Горна Македонија“, и „Нова Македонија“.



Слични вести