Ифтарска вечера на Институтот Јунус Емре во Тирана

Месецот на постот Рамазан подразбира зајакнување и зголемување на братството, чувството на споделување и пријателството

987107
Ифтарска вечера на Институтот Јунус Емре во Тирана

Институтот Јунус Емре во Тирана со поддршка на Градската заедница Кахраманмараш приреди ифтарска вечера во Албанија.

На ифтарската вечера која што беше приредена на плоштадот „Мајка Тереза“ во Тирана учествуваа амбасадорот на РТ во Тирана Ахмет Јорук, директорот на Канцеларијата на Институтот Јунус Емре во Тирана Омер Осман Демирбаш, претставниците на турските државни и приватни установи и организации во Албанија како и низа гости.

Амбасадорот Јуерк во говорот што о одржа во оваа прилика рече дека трпезите што се формираат по повод месецот на постот Рамазан претставуваат вистински братски трпези.

Јорук, ифтарските трпези ги нарече „духовни трпези“ потенцирајќи дека сите во овој свет месец кога сме во меѓусебна солидарност, кога владее волја и желба на меѓусебно споделување, моментите кои се наоѓаме на трпезите се исклучително радосни мигови.

Директорот на Канцеларијата на Институтот Јунус Емре во Тирана Демирбаш пак рече дека месецот на постот Рамазан подразбира зајакнување и зголемување на братството, чувството на споделување и пријателството.

Ифтарската вечера ја приредивме со цел да го зајакнеме пријателството со граѓаните на Албанија, рече Демирбаш потенцирајќи дека една од целите е да се запознаеме и сплотиме. Нашата врата секогаш е птворена за вас.

Во рамките на ифтарската вечера, уметникот Рамазан Јумрутепе приреди прекрасно шоу со цртање во песок.



Слични вести