Турската агенција за соработка и координација ТИКА приреди ифтар во Скопје

Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА) секоја година организира ифтарска програма во Македонија во чии рамки се покануваат голем број значајни гости и претставници на различни средини во оваа земја

986020
Турската агенција за соработка и координација ТИКА приреди ифтар во Скопје

Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА) синоќа по повод месецот на постот Рамазан приреди ифтар во Скопје.

На ифтарската вечера учествуваа претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, неговата сопруга Маја Иванова, амбасадорката на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара, претседателот на Одделот за Балкан и Источна Европа на ТИКА Махмут Чевик, министри во владата на Република Македонија, високи претставници, пратеници, градоначалници, претставници на верски заедници, претставници на различни институции и организации, како и други поканети гости.

Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА) секоја година организира ифтарска програма во Македонија во чии рамки се покануваат голем број значајни гости и претставници на различни средини во оваа земја. 

Амбасадорката на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА) фрла потпис на успешни проекти во Македонија, во голем број сфери.

Амбасадорката Тулин Еркал Кара рече: „ТИКА од 2005 година во Македонија успешно реализираше повеќе од 800 проекти во една широка лепеза од образованието до здравството, од земјоделското производство до зајакнувањето на инфраструктурите на административната управа и од социјалните услуги до заштитата на културното наследство.“

Кара информираше дека ТИКА го реставрираше и опреми Одделот за новороденчиња на Универзитетската клиника за детски болести, и додаде дека очекуваат свеченото отворање на овој оддел да се реализира во рамките на посетата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Македонија.

Претседателот на Одделот за Балкан и Источна Европа на ТИКА Махмут Чевик истакна дека со поставувањето на ифтарските софри се споделува духот на братството на месецот на постот Рамазан.

Чевик рече: „Ние како ТИКА оваа година во согласност со оној дух на месецот Рамазан приредивме ифтарски софри во 150 различни земји на пет континенти. Во Македонија како земја која располага со мултиетничка структура, во оваа земја во која живеат повеќе од една заедница, видовме како би можеле да продолжат мирот и братството, како продолжиле до денеска и тоа како со овдешниот османлиски начин на сфаќање се сфаќа и живее мирот на овие простори.“

Махмут Чевик информираше дека ТИКА со своите 11 претставништва во регионот реализира проекти од областа на образованието, здравството и реставраторските работи и достави помош во поплавените подрачја во земјите од регионот.

„Ние како ТИКА со реализираните програми и проекти во Македонија инвестиравме околу 70 милиони евра“, додаде тој.

Како што рече Махмут Чевик, Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА) во регионот на Балканот и Источна Европа инвестираше околу 1 милијарда и 100 милиони евра, а со цел развој на регионот и подобрување на економските услови.



Слични вести