Десничарската Словенска демократска партија на Јанша победник на парламентарните избори во Словеија

Според избројаните гласови, Јанез Јанша лидерот на Словенската демократска партија освои 25 насто

984991
Десничарската Словенска демократска партија на Јанша победник на парламентарните избори во Словеија

На вчерашните парламентарни избори што се одржаа во Словенија води десничарската Словенска демократска партија која е позната по ставот против бегалците.

Според прелиминарните резултати кои беа објавени од страна на Државната изборна комисија на Словенија, досега се избројани над 90 насто од гласовите.

Според избројаните гласови, Јанез Јанша лидерот на Словенската демократска партија освои 25 насто, додека листата на Марјан Шарец освои 12, Социјалдемократската партија 10, додека Партијата на модерниот центар на поранешниот премиер Миро Церар освои 9 насто од гласовите.

Според овие резултати, Словенската демократска партија се очекува да биде прва партија на изборите. Гледано од аспект на бројот на гласовите што ги освои партијата, не ќе може да формира самостојна влада.

Јанез Јанша кој беше фаворит на изборите, во периодот од 2004 до 2008 и од 2012 до 2013, двапати беше премиер на Словенија.

На изборите во Словенија гласаа 1,7 милион гласачи за новиот состав на парламентот од 90 пратеници.

Владата на поранешниот премиер Церар поднесе оставка во март поради неуспешниот железнички проект, поради што пред еден месец беше усвоена одлука за одржување предвремени парламентарни избори.

Словенија како една од поранешните држави на комунистичка Југославија, по распаѓањето на Југославија во 1991 година се стекна со независноста. Во 2004 година СЛовенија стана членка на ЕИ, а во 2007 година премина кон употреба на заедничката валута евро.



Слични вести