Политичката стабилност, економскиот и културен развој е Балканската визија на Турција

Политичката стабилност на регионот има големо значење за целито свет, а не само за Европа

984778
Политичката стабилност, економскиот и културен развој е Балканската визија на Турција

Политичката стабилност, економскиот и културен развој е Балканската визија на Турција.

Ибрахим Калин портпаролот на кабинетот на претседателот на Турција потенцираше на економските, политичките и културни активности на Турција на Балканот.

Во написот што го објави во весникот „Дејли сабах“ Калин направи проценка на политиката на Турција кон Балканот, предупредувајќи на заканата од Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ).

Калин во написот истакна дека ФЕТО претставува закана и за Балканските земји, а не само за Турција. ФЕТО нанесе голема штета на верата исто како и ДЕАШ.

Турција во сите Балканските земји оствари низа значајни инвестиции без оглед на етничкиот и верски идентитет, рече Калин потенцирајќи:

Турската влада, министрите, приватниот сектор и здруженијата остварија стотици проекти на Балканот и продолжуваат со натамошно остварување на новите. Турција во знак на поддршка на сточарството увезува стока од Босна. Со остварувањето на проект автопатот Сараево – Белград од страна на турските компании, истиот ќе биде во услуга на мирот на Балканот.

Калин, Балканската визија на Турција ја окарактеризира со зборовите: политичка стабилност, економски и културен развој.

Турција ги поддржува сите иницијативи за постигнување политичка стабилност на Балканот.

Турција ги обучува и поддржува безбедносните сили на балканските земји. Турција го подржува членството на балканските земји во НАТО и ЕУ. Политичката стабилност на регионот има големо значење за целито свет, а не само за Европа, рече Калин.



Слични вести