Денес во Словенија се одржуваат парламентарни избори

На денешните парламентарни избори се очекува победа на десничарската Демократска партија на Словенија

984800
Денес во Словенија се одржуваат парламентарни избори

На парламентарните избори во Словенија ќе гласаат 1,7 милиони гласачи.

Поранешниот премиер Миро Церар во март поднесе оставка поради неуспешниот железнички проект, поради што веднаш потоа прогласи вонредни избори.

Според анкетните истражувања, на денешните парламентарни избори се очекува победа на десничарската Демократска партија на Словенија под лидерството на Јанез Јанша, кој во периодот од 2004 до 2008 и од 2012 до 2013 година беше премиер на Словенија. Демократската партија е позната по ставот против бегалците.

По распаѓањето на Југославија, во 1991 година Словенија се стекна со својата независноста.

Во 2004 година Словенија стана членка на ЕУ, а во 2007 година премина кон употребата на заедничката валута евро.



Слични вести