Ибрахим Калин:Целта на Турција на Балканот е мир а не ширење на влијание

Портпаролот на Претседателството на Република Турција Ибрахим Калин говореше на 2. Балканска средба што се одржа во Анкара во организација на ТИКА - турска агенција за соработка и координација и Институтот за стратегиско размислување.

983180
Ибрахим Калин:Целта на Турција на Балканот е мир а не ширење на влијание

Портпаролот на Претседателството на Република Турција Ибрахим Калин рече дека целта на Турција на Балканот е мир а не влијание.

Калин говореше на 2. Балканска средба што се одржа во Анкара во организација на ТИКА - турска агенција за соработка и координација и Институтот за стратегиско размислување.

На средбата учествуваат голем број истакнати лица од научниот свет, академици, теолози, претставници на граѓански организации и новинари од 11 балкански држави.

Вториот ден од средбата се поведе дискусија на тема „ Иднината на Балканот“ на која збор зеде и портпаролот на Претседателството на Република Турција Ибрахим Калин.

Калин рече:

„Целта на Турција на Балканот е воспоставување на мир и стабилност а не ширење на нејзиното влијание.Ние тоа досега неколку пати го докажавме.“Турција на Балканот има 3 приоритети и тоа,обезбедување на политичка стабилност, економски развој и заживување на културата. Балканот е регион каде настаните што се одвиваат треба да се следат со големо внимание.“

Осврнувајќи се на автопатот Сараево-Белград, Калин потсети дека во тек е изработката на физибилити студијата за реализација на овој проект и додаде дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган побара овој автопат да се вика  Балкански автопат на мирот.

Турција, додаде Калин ги поддржува иницијативите за влез на балканските држави во НАТО, а што се однесува до верската настава тука постои силна соработка меѓу Турција и балканските држави.

Тој на крајот го истакна значењето од решителна борба против фетулахистичко терористичката организација ФЕТО на балканските простори.

 



Слични вести