НАТО ќе ја обезбеди безбедноста на воздушниот простор на Црна Гора

Почнувајќи од 5 јуни Италија и Грција ќе го надлетуваат воздушниот простор на Црна Гора

982366
НАТО ќе ја обезбеди безбедноста на воздушниот простор на Црна Гора

НАТО ќе ја обезбедува безбедноста на воздушниот простор на Црна Гора која во алијансата се приклучи во 2017 година

Во соопштението кое беше објавено од страна на Врховниот штабот на сојузничките сили на НАТО во Брисел беше истакнато дека воздушните сили на две сојузнички земји на НАТО, Италија и Грција почнувајќи од 5 јуни ќе го надлетуваат воздушниот простор на Црна Гора.

Одлуката беше усвоена по барањето на Црна Гора. Бидејќи земјата нема борбени авиони, безбедноста на воздушниот простор на земјата ќе се обезбедува од страна на земјите членки на НАТО.

НАТО обезбедува воздушна безбедност на сите земји членки кои немаат свои воздушни сили и тоа претставува дел од сфаќањето за колективна одбрана на алијансата, беше подвлечено во соопштението.

Моментално, Шпанија, Португалија и Франција ја обезбедуваат воздушната безбедност на Балтичките земји како што се Летонија, Литванија и Естонија.

Италијанските авиони обезбедуваат поддршка на воздушниот простор на Словенија, додека Британија на Романија.



Слични вести