Коѕијас и Димитров: Преговорите за проблемот со името ќе продолжат на ниво на технички делегации

Министриоте за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров истакнаа дека преговорите за за проблемот со името ќе продолжат на ниво на технички делегации

981109
Коѕијас и Димитров: Преговорите за проблемот со името ќе продолжат на ниво на технички делегации

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) во главниот град на Белгија Брисел, во врска со „проблемот со името“ помеѓу неговата земја и Македонија изјави за новинарите дека разговорите со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров се завршени и дека отсега преговорите ќе продолжат на ниво на технички делегации на двете земји.

Коѕијас рече: „Денеска, можеби утре, на ниво на експерти ќе се преговара за технички и правни прашања. Тое се прашања кои што треба да се решат. Тогаш кога ќе бидат разјаснети овие прашања текстовите подготвени на ниво на министри за надворешни работи ќе им се достават на двајцата премиери и тие исто така ќе разговараат меѓусебно и ќе постигнат конечен договор.“

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров исто така во изјавата за грчката новинска агенција АНА-МПА рече дека е дојдено при крај во преговорите во врска со проблемот со името, дека разговорите продолжуваат на техничко ниво и дека во текот на оваа недела се очекува да се оствари телефонски разговор помеѓу премиерите на Грција и Македонија.

Инаку, македонскиот премиер Зоран Заев за изнаоѓање решение за проблемот со името на 20 мај го предложи името „Република Илинденска Македонија.“

Додека голем број земји на чело со Турција кои ја признаваат Македонија под нејзиното уставно име „Република Македонија“, Грција под изговор дека во нејзините граници постои регион под името „Македонија“ бара од оваа земја да го промени своето име. 

Македонија поради проблемот со името  со својот јужен сосед Грција кој што продолжува од 1991 година кога ја прогласи својата независност, не може да стане членка на Европската унија (ЕУ) и НАТО.

Македонија е примена во членство во Обединетите нации (ОН) во април во 1993 година со што беше и меѓународно призната, меѓутоа поради приговорот на нејзиниот јужен сосед Грција е примена во членство под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија (FYROM).   

 



Слични вести