Шефик Џаферовиќ кандидат на СДА за член на претседателството на БиХ од бошњачко потекло

На изборите на 7 октомври ќе се изберат по еден член од бошњачко, хрвстко и српско потекло за членови на трипартитното претседателство на БиХ.

979905
Шефик Џаферовиќ кандидат на СДА за член на претседателството на БиХ од бошњачко потекло

Партијата за демократска акција (СДА) чиј основач беше покојниот прв претседател на Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ соопшти дека Шефик Џаферовиќ е нивни кандидат на претстојните избори за член на трипартитното претседателство на БиХ од бошњачко потекло.

На седницата на Управниот одбор на партијата СДА која се одржа под претседателство на претседателот Бакир Изетбеговиќ во Сараево беше разгледан кандидатот на партијата на претстојните избори за Бошњачкиот член.

Подолг временски период на дневниот ред на партијата СДА се наоѓаа голем број имиња, но конечната одлука преовлада на страна на Џаферовиќ кој истовремено е и потпретседател на партијата.

Партијата за демократска акција СДА важи за една од најголемите бошњачки партии. Покрај тоа што на претходните состаноци и дискусии на дневен ред се најдоа и имињата на сопругата на Бакир Изетбеговиќ, Себија Изтебгеовиќ како и претседателот на Советот на министри Денис Звиздиќ, на крајот преовлада мислењето околу името на Џаферовиќ.

На изборите на 7 октомври ќе се изберат по еден член од бошњачко, хрвстко и српско потекло за членови на трипартитното претседателство на БиХ.

Меѓу кандидатите кои претходно ја најавија својата кандидатура за избор за член на претседателството се наоѓаат бошњачкиот академик проф. др. Мирзад Каџикадиќ, хрватските политичари Жељко Комшииќ (од Демократскиот фронт) и Бориша Фалатар (од Нашата партија) како и Милорад Додиќ, претседателот на Република Српска, еден од двата ентитета на ФБИХ.

Во меѓувреме, угледните политички партии како што се Социјалдемократска партија (СДП), Хрватска демократска заедница (ХДЗ) и Сојуз за подобра иднина (СББ) сеуште не ги објавија имињата на своите кандидати за член на трипартитното претседателство.

Меѓу можностите се истакнува дека голема е веројатноста за кандидат на СДП да биде изнесен Денис Бечиеривиќ, за кандидат на ХДЗ Драган Човиќ и за кандидат на СББ Фахрудин Радончиќ или Адиса Араповиќ.

Членовите од бошњачко и хрватско потекло на трипартитното претседателство на БиХ се избираат од ФБИХ, додека на Србите од Република Српска.



Слични вести