ЕУ не може да ѝ го одземе правото на суверенитет на Унгарија

Единствено Унгарците имаат право на носење одлуки во врска со тоа кој ќе живее во Унгарија

979065
ЕУ не може да ѝ го одземе правото на суверенитет на Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската Унија (ЕУ) не може да ја лиши Унгарија од нејзиното право на суверенитет.

Во неделното обраќање на унгарското државно радио „Кошут“ (Kossuth), Орбан ја критикуваше политиката на ЕУ кон мигрантите.

Тој истакна дека ЕУ проблемот со мигрантската криза го гледа низ рамката на човековите права, додека неговата земја ова прашање го гледа како проблем на националната безбедност. Унгарија, како што рече, во тие рамки и ќе ја продолжи борбата.

ОРбан истакна дека земјата планира да направи законски и уставни промени поврзани со борбата против илегалната миграција. Овие промени, како што посочи Орбан, ќе ги отфрлат можните напади на ЕУ.

Орбан, исто така, нагласи дека единствено Унгарците имаат право на носење одлуки во врска со тоа кој ќе живее во Унгарија.

„Отворено сакам да порачам дека Брисел не може на Унгарија да ѝ го одземе нејзинот суверенитет“, потенцираше Орбан.



Слични вести