Грчкиот управен суд ја одобри одлуката за доделување азил на пучистите

Грчкиот печат го изнесува тврдењето дека пучистите со добивање на азил ќе бидат пуштени на слобода во Грција

Грчкиот управен суд ја одобри одлуката за доделување азил на пучистите

Високиот управен суд на Грција донесе одлука за доделување азил на пучистите кои по обидот за државен удар на Фетулахстичката терористичка организација (ФЕТО) на 15 јули 2016 година побегнаа во оваа држава.

На седницата на Советот на Високиот управен суд беше разгледан приговорот на Грчката влада за поништување на доделувањето азил од страна на Дирекцијата за азил на пучистот Сулејман Озкајнакчи.

Судиите на Високиот управен суд го одбија приговорот на владата во врска со одлуката на Диеркцијата за азил и го одобрија доделувањето азил на пучистите.

Одлуката за доделување азил на Озкајнакчи ќе претставува преседан, поради што врз основа на оваа одлука ќе се одобри и доделувањето азил и на другите пучисти.

Грчкиот печат го изнесува тврдењето дека пучистите со добивање на азил ќе бидат пуштени на слобода во Грција и со документите за патување што ќе ги добијат, ќе можат да отпатуваат во било која европска земја.

Досега како резултат на одлуките на комисиите на Дирекцијата за азил на Грција, освен Озкајнакчи, право на азил доби и пучистот Ахмет Ѓузел, додека останатите двајца пучисти чиј минимален период на притвор од 18 месеци заврши, исто така беа пуштени на слобода.

4-те пучисти кои беа пуштени на слобода, под засилени мерки на безбедност се држат во една куќа надвор од Атина.

4-те пучисти кои сеуште се држат во притвор во една полициска станица, кон крајот на месецот со завршувањето на минималниот период на притвор исто така ќе бидат пуштени на слобода.

Трите барања на Турција за екстрадиција на пучистите беа одбиени од страна на грчкото правосудство.



Слични вести