Началникот Хулуси Акар учествува на 12-та Конференција на началниците на ГШ на Балканските земји

Србија од воен аспект следи неутрален став, реќе Александар Вулин

Началникот Хулуси Акар учествува на 12-та Конференција на началниците на ГШ на Балканските земји

Началникот на ГШ, Генерал на армија Хулуси Акар во Белград учествува на 12-та Конференција на началниците на ГШ на Балканските земји.

На 12-та Конференција на Началниците на ГШ на Балканските земји во Белград, освен началникот на ГШ генерал на армија Хулуси Акар, учествуваат началникот на ГШ на Србија Љубиша Диковиќ, началникот на ГШ на Албанија Бардиљ Колчаку, началникот на ГШ на Босна и Херцеговина Сенад Машовиќ, началникот на ГШ на Бугарија Андреј Боцев, началникот на ГШ на Грција Евангелос Апостолакис, началникот на ГШ на Македонија Методија Величковски, началникот на ГШ на Црна Гора Илија Даковиќ и началникот на ГШ на Романија Адријан Тонја.

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин во поздравниот говор на свеченото отворање на  конференцијата рече дека од воен аспект неговата земја следи неутрален став.

Србија е отворена за соработка како со Исток така и со Запад, рече Вулин потенцирајќи дека нема поголема корист од воспоставување мир, стабилност и безбедност во регионот. Во тој контекст, најголемата задача на српската армија е да зачувување на мирот и стабилноста на Балканот, рече Вулин.

Србија секогаш е спремна да даде придонес во борбата против тероризмот, дрогата и криминалот, рече Вулин изразувајќи благодарност на сите началници на ГШ кои учествуваа на конференцијата.

На конференцијата која по свеченото отворање и поздравниот говор, беше затворена за печатот меѓудругото учествуваа и претставниците на воените комитети на Северноатлантската Алијанса НАТО и ЕУ.



Слични вести