Во врска со расистичкиот напад врз градоначалникот на Солун Бутарис се приведени четири лица

Градоначалникот на Солун 75-годишниот Јанис Бутарис за време на еден протест во градот беше вербално нападнат од страна на група расисти и беше исвиркуван, по што беше нападнат и физички, беше срушен на земја и удиран во главата и насекаде по телото

975716
Во врска со расистичкиот напад врз градоначалникот на Солун Бутарис се приведени четири лица
Yiannis Boutaris saldiri1.jpg

Во врска со расистичкиот напад против градоначалникот на грчкиот град Солун Јанис Бутарис се приведени четири лица.

Притворените лица ќе бидат изнесени пред јавен обвинител.

За време на протестите во Солун кои што беа одржани по повод таканаречениот „19 мај Денот на сеќавање на геноцидот врз понтуските Грци“ 75-годишниот градоначалник на Солун Јанис Бутарис кој инаку е познат по неговите позитивни изјави во врска со големиот лидер и основоположник на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк и Турците, беше подложен на напад од страна на група Грци екстремни десничари националисти.

Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис кој најпрвин беше вербално нападнат од страна на група расисти и со исвиркување беше подложен на притисок за да го напушти протестот, потоа беше нападнат и физички од страна на повеќе од 10 расисти.

Бутарис беше тепан со клоци, срушен на земја, удиран во главата и насекаде по телото, по што беше префрлен во болница.

По укажаната лекарска помош градоначалникот на Солун Јанис Бутарис беше отпуштен од болница и во дадената изјава рече: „Беше ужасен напад но добар сум. Беше подол напад и напаѓачите не се од народот. Тие се фашисти.“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас исто така истакна дека нападот е дело на екстремните десничарски „одметници“ и дека тие ќе се соочат со последиците од направеното.

По овој напад расистите во Грција објавуваат пораки на Твитер од видот „Ова е крајот на предавниците“.

Инаку, градоначалникот на Солун 75-годишниот Јанис Бутарис пред две години предложи улицата на која се наоѓа родната куќа на Ататурк да биде наречена „Мустафа Кемал Ататурк“.

Бутарис е познат и по тоа што му придава мошне големо значење на турско-грчкото пријателство и употребува изрази како „Турците се мои браќа“, поради што пак поради овие негови размислувања е често критикуван од страна на фанатизираните Грци.

 



Слични вести