Заев-Меј: Велика Британија останува заинтересирна за напредокот на регионот

„Можете да сметате на нашата поддршка. Вашата земја е интегралниот дел на Европа. Нашето пријателство ќе јакне и понатаму, иако веќе не сме ченка на Европската унија (ЕУ). Ви посакувам топло добредојде на Самитот“, рече Меј.

974022
Заев-Меј: Велика Британија останува заинтересирна за напредокот на регионот

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев со свечена церемонија ја дочека премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, со која одржа средба а по средбата на заедничка конференција за медиумите порачаа дека Велика Британија останува заинтересирна и ангажирана за напредокот во регионот.

Во своето обраќање премиерот Заев упати благодарност до британската премиерка Меј, за како што рече, искрената, принципиелната и мотивирачката поддршка што Велика Британија и ја дава на Република Македонија веќе 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

Премиерот Заев, во името на Владата на Република Македонија истакна дека Владата ќе продожи да дава причини низ демократските реформски процеси и низ добрососедсвото и меѓунаодната соработка за клучни прашања, како што е обезбедувањето на регионалниот и светски мир, да се одржат и да ги унапредат билатералните односи со Велика Британија, и Македонија да го добие заслуженото место како држва во семејството на демократиите, ЕУ и НАТО.

Исто така, премиерот Заев изрази благодарност и почит до британската премиерка поради, како што рече, пренесувањето на пораката на поддршка на стратешки цели на Република Македонија, членството во НАТО и во ЕУ.

Британската премиерка, Тереза Меј, на заедничката прес-конференција со премерот Заев, истакна дека е горда што е првата британска премиерка што во последните 25 години ја посетува Македонија.

„Ви благодарам Заев за топлото добредојде, горда сум што во последните 25 години јас сум првата премиерка што ја посетила Македонија. Можеме да видиме што се случи по парламентарните избори, се случија големи промени, и Македонија се отвори кон другите земји. Можете да сметате на нашата поддршка. Вашата земја е интегралниот дел на Европа. Нашето пријателство ќе јакне и понатаму, иако веќе не сме членка на Европската унија. Ви посакувам топло добредојде на Самитот“, рече Меј.

„Конфликтите од минатото понекогаш знаат да бидат тешки, и без решение, но еднаш за секогаш треба да се соочиме со нив. Со добра волја сите можеме да одиме напред. Ве поддржуваме во спорот за името со Грција, и сметаме дека брзото решение е повеќе од потреба. Тоа биде од голема важност за двете земји“, додаде Меј

По средбата со премиерот Заев, британската премиерка се состана со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.



Слични вести