Скопје: 23. Меѓународен симпозиум на турската култура

На симпозиумот покрај универзитетски професори и претставници на невладини организации, учество зедоа и научници и експерти од Турција, Македонија, Косово и од Иран

965979
Скопје: 23. Меѓународен симпозиум на турската култура

 Во рамките на 27. Меѓународен фестивал на пролетни веселби, во Скопје се одржа 23. Меѓународен симпозиум на турската култура во заедничка организација на Меѓународниот универзитет „Визион“, Институтот за истражување на народната култура (ХКАК) и на Здружението „Хид Бах Шен Фест“, јавува Anadolu Agency (AA).

Покрај универзитетски професори и претставници на невладини организации, на симпозиумот зедоа учество и научници и експерти од Турција, Македонија, Косово и од Иран.

На почетокот од симпозиумот беше отворена изложба на којашто беа изложени различни дела како слики и ракотворби.

Претседателот на симпозиумот, Селами Тахир, упати благодарност до сите институции и здруженија, пред сè до Министерствата за култура на Македонија и Турција, за дадениот придонес во текот на овие години во однос на организирањето на пролетните веселби. 

„Можам да кажам дека овој симпозиум и пролетните веселби се претворија во една светска активност. Не треба да има крај на овие успеси. Тоа треба да биде отскочна даска за постигнување нови успеси“, рече Тахир.

Претседателот на ХКАК, проф. д-р Ирфан Унвер Насратиноглу, нагласи дека овој симпозиум во почетокот се организирал на локално ниво, а потоа се продолжило со негово организирање на меѓународно ниво.

Насратиноглу рече дека за 23 години околу 500 научници и експерти учествувале на овој симпозиум.

„Овие 500 лица ги презентираа своите студии за различни теми поврзани со Туркологијата. Овие студии секоја година се објавени како книги“, додаде тој, истакнувајќи дека еднодневниот симпозиум е организиран во три сесии.

„Организирањето на оваа активност тука е многу важно. Многу е важен за турцизмот на Балканот. Со тоа се открива присуството на турската култура“, нагласи Насратиноглу.

Ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“ проф. д-р Фадил Хоџа, укажа на важноста на тоа што пролетните веселби се впишани во Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.

„Моментално во Македонија постојат 5 дела кои се наоѓаат на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото. Едно од овие дела се пролетните веселби „Хидрелез“. Мислам дека е единственото турско дело. Затоа, ова е исклучително значајно за нас, за Турците од Македонија, Румелија и Балканот“, рече тој. 

 



Слични вести