Српскиот претседател Александар Вучиќ на 7 мај ќе допатува во посета на Турција

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се подготвува на 7 мај да допатува во официјална посета на Турција од каде што наредниот ден на 8 мај ќе замине во посета и на Русија

964181
Српскиот претседател Александар Вучиќ на 7 мај ќе допатува во посета на Турција

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на одржаната конференција за претставниците на печатот во претседателската зграда во Белград направи проценка на неговата претстојна официјална посета на Турција која што ќе ја оствари на 7 мај.

Вучиќ истакна дека помеѓу Србија и Турција постојат голем број заеднички прашања од политиката до економијата.

Укажувајќи на тоа дека благодарение на обновениот договор за слободна трговија кој што беше потпишан со Турција во месец октомври е остварен пораст во извозот на месо на Србија во износ од 23 насто, Вучиќ рече: „Овој развој обезбедува нови можности за во иднина. Со Турција имаме голем број заеднички прашања од политиката до економијата.“

Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека српскиот народ се интересира само за резултатите од овие видови посети на високо ниво и додаде дека разговорите кои што се остваруваат со Турција се крајно продуктивни и дека како резултат на овие разговори се отворени фабрики дури и во најдалечните места на земјата.

Привлекувајќи внимание на тоа дека Турците се наоѓаат на прво место меѓу туристите кои најмногу ја посетуваат Србија, Вучиќ нагласи дека се посакува да се зголеми уште повеќе бројот на турски туристи кои доаѓаат во земјата.

Српскиот претседател Александар Вучиќ напомена дека по остварената посета на Турција на 8 мај ќе замине за Русија каде што ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин и дека и оваа средба ќе се одрази позитивно и на билатералните односи и на обемот на трговската соработка помеѓу двете земји.



Слични вести