Мустафа Акинџи ја повика кипарско-грчката управа да го прифати рамковниот документ на Гутерес

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи ја повика „кипарско-грчката управа за што е можно поскоро време да соопшти ако е спремна да го прифати без разводенување и изобличување рамковниот документ на Антонио Гутерес

963319
Мустафа Акинџи ја повика кипарско-грчката управа да го прифати рамковниот документ на Гутерес

Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ја повика кипарско-грчката управа „за што е можно поскоро време да соопшти ако е спремна да го прифати без разводенување и изобличување“ рамковниот документ што ја достави до страните генералниот секретар на ООН Антонио Гутерес на Конференцијата за Кипар што се одржа во јули во Кран Монтана во Швајцарија. 

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи во дадената изјава за Турската кипарска агенција (ТАК) и Радио-телевизијата Бајрак (БРТ) истакна дека рамковниот документ кој што Гутерес им го достави на страните се состои од 6 основни елементи како што се „изразот политичка еднаквост, картата, сопственоста, еднаквиот третман кон турските и грчките граѓани на Кипар, безбедноста и гаранциите“.

Осврнувајќи се на тоа дека во рамковниот документ во кој се зема за основа и картата доставена од кипарско-турската страна не се говори ниту за Анановиот план ниту за картата на кипарско-грчката страна, Акинџи додаде дека се предвидува регулатива со која што на териториите кои што ќе и бидат оставени на  Јужен Кипар да се одбранат правата на стариот сопственик на земјиштето, а на териториите кои ќе останат во Северен Кипар правата на оние кои моментално таму живеат.

Мустафа Акинџи се осврна и на прашањето за еднаков третман кон турските и грчките граѓани на Кипар при што напомена дека во рамковниот документ се предвидува „праведен и подеднаков“ третман во врска со оние лица кои доколку се постигне решение ќе побараат да добијат постојан престој.

Велејќи дека прашањето многу се пренасочува и искривоколчува при што повремено се изнесуваат гласини од видот на тоа дека „Турција со испраѓање на своите 80 милиони жители се обидува од овде да иницира врата за премин во ЕУ, Акинџи потсети дека тоа не е вистина и дека Турција располага со договор за Царинска Унија во врска со слободното движење на стоките и капиталот во ЕУ.

Претседателот Акинџи во врска со насловот „Безбедност и Гаранции“ во преговорите укажа на тоа дека едностраната интервенција не е одржлива и рече дека во рамковниот документ е утврдено по постигнување на евентуален договор на крајот на соодветен процес на опремин да се формира механизам за кој ќе се постигне договор помеѓу страните.

Потсетувајќи дека во доставениот рамковен документ на Конференцијата за Кипар на која земјите гарантори беа претставувани на ниво на министри за надворешбни работи во врска со тоа како и на кој начин ќе се реализира повлекувањето на војска доколку станува збор за тоа стои израз од видот дека „тоа би можело да се разгледа на повисоко ниво, на премиерско ниво“, Мустафа Акинџи напомена дека принципите во рамковниот документ на Гутерес не се однесуваат само на безбедноста, гаранциите и војската и дека истиот предвидува регулативи и во врска со прашањата на политичката еднаквост, земјиштето и сопственоста. 

Акинџи го повтори предлогот рамковниот документ на Гутерес да се подготви како „стратешки пакет“ и истакна дека доколку бидат прифатени принципите внесени во рамковниот документ може да се започне преговарачки процес чиј календар ќе биде определен.

Мустафа Акинџи нагласи дека доколку постои соодветен компромис помеѓу страните тогаш би можело да се работи на труд чиј крај нема да биде отворен и ќе биде фокусиран на постигнување резултат.

Повторувајќи го повикот „кипарско-грчката управа за што е можно поскоро време да соопшти ако е спремна да го прифати без разводенување и изобличување рамковниот документ на генералниот секретар на ООН Антонио Гутерес, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи ја изнесе следната констатација: „Ако постои волја за тоа, го има овој документ.“



Слични вести