Поранешниот генерал Атиф Дудаковиќ и уште 12 воени лица пуштени на условна слобода

Лицата на кои им се суди во постапката „Дудаковиќ и останатите“ беа пуштени на слобода под услов за време на постапката да не стапат во меѓусебен и во контакт со сведоците.

961031
Поранешниот генерал Атиф Дудаковиќ и уште 12 воени лица пуштени на условна слобода

Судот на Босна и Херцеговина донесе одлука за пуштање на условна слобода на 13-те воени лица меѓу кои се наоѓа и поранешниот бошњачки генерал Атиф Дудаковиќ, кои беа притворени и се обвинуваа за „злосторство против човештвото“ во војната во Босна (во периодот од 1992-1995 година).

Во соопштението кое беше објавено од страна на Судот беше истакнато дека беше одбиено барањето на Јавното обвинителство на БиХ за продолжување на судењето на „Дудаковиќ и останатите“ во притвор. Судот донесе одлука според која на Дудаковиќ кој важи за еден од најзначајните бошњачки команданти на војната во Босна и останатите 12 поранешни воени лица да бидат пуштени на условна слобода и да им се суди од слобода.

Во соопштението меѓудругото беше истакнато дека лицата на кои им се суди во постапката „Дудаковиќ и останатите“ беа пуштени на слобода под услов за време на постапката да не стапат во меѓусебен и во контакт со сведоците.



Слични вести