Нимиц: И двете страни вложуваат напори за решавање на проблемот околу името

Специјалниот претставник Метју Нимиц истакна дека средбите за изнаоѓање решение на спорот околу името помеѓшу Македонија и Грција се одржуваат приближно 7 месеци и напомена дека и оваа средба помина позитивно

958972
Нимиц: И двете страни вложуваат напори за решавање на проблемот околу името

Метју Нимиц, специјалниот претставник на ОН задолжен за решавање на прашањето на спорот околу името помеѓу Македонија и Грција, истакна дека и двете страни вложуваат напори за изнаоѓање решение за овој проблем.

Специјалниот претставник Нимиц, македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коцијас се состанаа во канцеларијата на ОН во главниот град на Австрија Виена, каде што разговараа за проблемот околу името помеѓу двете соседни земји. 

По средбата која што се одржа зад затворени врати, специјалниот претставник Метју Нимиц одржа конференција за претставниците на печатот на која потсети дека средбите за изнаоѓање решение на спорот околу името се одржуваат приближно 7 месеци и напомена дека и на оваа средба која помина позитивно министрите за надворешни работи на двете земји  разменија мислења во врска со прашањата за кои што разговараа. 

Велејќи дека страните мошне отворено го разгледуваат прашањето за изнаоѓање решение за проблемот околу името помеѓу двете земји, Нимиц додаде дека тоа е мошне драгоцено.

„И двете страни се многу посветени за постигнување решение. Процесот ќе продолжи во наредните недели. “ - рече Метју Нимиц, специјалниот претставник на ОН задолжен за решавање на прашањето на спорот околу името помеѓу Македонија и Грција.



Слични вести