ТИКА донираше 2 возила за брза помош во Гостивар

Во овие две медицински возила за брза помош, освен операции, ќе можат да се изведуваат сите медицински интервенции

958233
ТИКА донираше 2 возила за брза помош во Гостивар

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), со пригодна церемонија во Гостивар, на Државната болница „Д-р Ферид Мурад“ ѝ донираше две возила за брза помош, јавува Anadolu Agency (AA).

Доделувањето се одвиваше во дворот на Државната болница, а на церемонијата присуствуваа амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, потсекретар на Министерството за здравство на Република Македонија, Владимир Милошев, координаторот на ТИКА-Скопје, Ајтекин Ајден, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари и вработени во болницата.

Пред церемонијата на доделување на возилата, свое обраќање имаше амбасадорката Кара, која истакна дека човечкото здравје е едно од најважните нешта, додавајќи дека во човековата борба за опстанок, здравјето доаѓа пред сѐ.

Амбасадорката Кара истакна дека и во претходните средби со претставниците на Општината, била информирана дека во Гостивар постои недостаток на возила за брза помош и добила барања во таа насока. „Ние, како стара земја-пријател, веднаш се ангажиравме на тоа поле за нашата пријателска земја Македонија“, рече амбасадорката Кара.

Градоначалникот на Гостивар, Таравари, кој пред ја преземе сегашната функција, беше министер за здравство на Република Македонија, изјави дека негов прв проект како министер, била заедничката работа со ТИКА околу опремувањето на Одделот за итни интервенции при Детската клиника во Скопје.

Владимир Милошев, потсекретар на Министерството за здравство на Република Македонија ѝ се заблагодари на ТИКА за генералното определба на оваа агенција за подобрување на здравствените услуги во Македонија, додавајќи дека соработката ќе продолжи и во иднина.



Слични вести