Во Љубљана се одржа  самит на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Говорејќи на самитот вице премиерот на владата на Република Турција Хакан Чавушоглу рече дека да не беа напорите на Турција тероризмот и бегалците ќе беа приоритетно прашање.

957925
Во Љубљана се одржа  самит на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Во Љубљана се одржа  самит на Процесот за соработка во Југоисточна Европа на кој учествуваа претседатели и премиери од 13 земји.

Турција на овој самит ја претстави потпретседателот на владата Хакан Чавушоглу.

Учесниците на самитот дебатираа на тема „Интеграцијата на земјите од Југоисточна Европа во Европската унија“.

Говорејќи на самитот вице премиерот на владата на Република Турција Хакан Чавушоглу рече дека да не беа напорите на Турција тероризмот и бегалците ќе беа приоритетно прашање.

Чавушоглу во продолжение истакна:

„Да не примеше Турција 3,5 милиони сириски бегалци, да не се бореше против терористичките организации ДЕАШ, ПКК/ЈПГ и да не неутрализираше над 3000 терористи на ДЕАШ,ние денес не ќе можевме толку смирено да дискутираме за темава.“

Хакан Чавушоглу во продолжение се задржа на влијанието на терористичката организација ФЕТО на Балканот и рече:

„Тие се обидуваат да влезат во системот на државите каде што се наоѓаат.Очекуваме од сите регионални земји да бидат внимателни во однос на тоа.“

 

 



Слични вести