Европската комисија препорача започнување на преговорите со Македонија и Албанија за членство во ЕУ

Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, истакна дека Европската комисија препорача започнување на преговорите со Македонија и Албанија за членство во ЕУ

954087
Европската комисија препорача започнување на преговорите со Македонија и Албанија за членство во ЕУ

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини соопшти дека донесена е одлука за упатување препорака до Европскиот совет за започнување на преговорите за членство на Македонија и Албанија во ЕУ.

Могерини, заедно со високиот комесар за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, одржа прес-конференција во рамките на Генералното собрание на Европскиот парламент кое се одржува во Стразбур.

Могерини истакна дека Србија и Црна Гора од вкупно шестте земји од Западен Балкан постигнале позитивен напредок во преговорите.

„Денеска Комисијата упати препорака до Советот за започнување на преговорите за членство на Албанија и Македонија“, додаде таа.

Истакнувајќи дека водат активности и во насока на аплицирањето на Босна и Херцеговина, Могерини нагласи дека вложени се напори со цел нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.

Могерини потсети дека во рамките на претседавањето на Бугарија со ЕУ, во Софија ќе се одржи Самитот на земјите од ЕУ и Западен Балкан.

Почнувајќи од вечерва, рече Могерини, ќе започне една балканска турнеја која ги вклучува Тирана, Скопје, Подгорица и Белград.

„Како што повеќепати рековме, Западен Балкан е Европа, и во иднина ќе остане дел од нашата силна и обединета Европа.“, рече Могерини.

Србија и Црна Гора продолжуваат со преговорите за членство во ЕУ. Продолжува и процесот за кандидатура за членство во ЕУ на земјите како Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

Од друга страна, комесарот Хан потсети дека по препораката на Комисијата, услов за започнување на преговорите е одобрението на земјите членки.

„Поголемиот дел од населението во мојата земја, Австрија, е против тоа“, рече тој.

ЕУ во 2012 година ги започна преговорите за Црна Гора, додека во 2014 година за Србија.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, претходно истакна дека овие две земји можат да бидат примени во ЕУ пред 2025 година.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во своето обраќање, утрово, на Генералното собрание на Европскиот парламент, истакна дека ЕУ не е подготвена за проширување со земјите од Западен Балкан.



Слични вести