Словенија ја поддржува Македонија за членство во ЕУ и во НАТО

„Република Словенија е добар пример како се напредува на економски и евроатлански план, а денеска добивме уште една потврда дека во Словенија имaме силен сојузник за нашите аспирации за членство во ЕУ и во НАТО" истакна премиерот Заев

944104
Словенија ја поддржува Македонија за членство во ЕУ и во НАТО

Премиерот на Република Словенија Миро Церар кој престојува во официјална посета на Република Македонија беше пречекан од премиерот на Република Македонија Зоран Заев со кој одржаа заедничка средба и конференција за медиумите на која двајцата премиери порачаа дека Словенија ја поддржува Македонија во евроатланските аспирации.

Премиерот на Република Македонија, Заев рече дека на средбате во Скопје со премиерот на Словенија го потврдиле традиционалното пријателство меѓу двете земји.

Заев рече дека Македонија и Словенија делат иста визија за стабилноста, економскиот развој и европските вредности, како и дека ќе работат заедно на евроатланската иднина на целиот Западен Балкан. Премиерот на Македонија рече дека и досега Македонија и Словенија се поддржувале на политички план и соработуваа во повеќе области.

„Република Словенија е добар пример како се напредува на економски и евроатлански план, а денеска добивме уште една потврда дека во Словенија имаме силен сојузник за нашите аспирации за членство во Европската унија (ЕУ) и во НАТО", рече Заев, додавајќи дека на Македонија ѝ е потребна поддршка во пресрет на новонајавениот засилен дијалог со ЕУ во рамките на спроведување на Стратегијата за проширување на ЕУ.

Словенечкиот премиер Миро Церар, истакна дека Словенија и Македонија се пријателски држави во сите погледи и имаат соработка на политичко, стопанско и техничко ниво, каде, како што посочи, двете земји одлично соработуваат. Церар потенцираше дека Словенија во Македонија гледа значаен партнер и сојузик, што според него е темел за добра соработка во стопанството, како и во останатите подрачја.



Слични вести