Вучиќ во мај во официјална посета на Турција

Српскиот претседател ја прифати поканата на претседателот Ердоган да дојде во официјална посета на Турција во мај

942605
Вучиќ во мај во официјална посета на Турција

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во мај ќе допатува во официјална посета на Турција на покана на претседателот Реџеп Таjип Ердоган.

Запрашан за вчерашниот телефонски разговор со Ердоган, Вучиќ одговори дека разговорот бил добар и дека на претседателот на Турција му пренел што се случило во Косово, на што Ердоган повикал на мир и воздржаност.

„Мислам дека тој тоа добро го разбра и повика на мир и воздржаност, кое и јас го правам секој пат“, изјави Вучиќ, додавајќи дека со Ердоган зборувал и за други работи кратко, бидејќи сите останати работи меѓу Турција и Србија протекуваат добро и нема никакви проблеми.

Тој наведе и дека Ердоган претходно разговарал и со претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Сите проблеми во Косово можат и мораат да бидат решавани по мирен пат, истакна синоќа претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор во Вучиќ.



Слични вести