Реакција на Турција по повод нападот на турското знаме во Тетово

Амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, реагираше поради објавена снимка на социјалните мрежи направена во Тетово а во која се гледа како непознато лице нападна знаме на Република Турција

939915
Реакција на Турција по повод нападот на турското знаме во Тетово

Амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, писмено реагираше поради објавена снимка на социјалните мрежи и портали, за која се тврди дека е направена во Тетово, а во која се гледа како непознато лице нападна знаме на Република Турција.

„Со големо разочарување е видено дека денес во некои социјални мрежи и портали објавена е видео снимка, за која се тврди дека случајот се одвива во Тетово, каде што од страна на непознато лице или лица остварен е грд напад врз нашето ценето знаме. Големо е вознемирувањето поради оваа грда провокативна иницијатива врз нашето ценето знаме кое има голема вредност и значење за возвишената Турска нација", вели амбасадорката Кара во соопштението на социјалните мрежи, во кое најостро го осудува овој немил настан.

„Најстрого го осудувам овој немил настан кој има за цел да ги поттикнe чувствата на злоба и омраза, како и наштетување на вкоренетите братски и пријателски односи, и го поканувам нашиот народ на здрав разум пред наведените немили провокативни инциденти", вели амбасадорката Кара, пишува во соопштението. Меѓу другото, во соопштението се истакнува дека Амбасадата на Република Турција во Македонија од блиску ги следи збиднувањата и дека се покренати сите потребни иницијативи за пронаоѓање и казнување на сторителите на овој настан.

„Како Амбасада, од блиску ги следиме збиднувањата и ги покренавме сите потребни иницијативи по дипломатски пат за изнаоѓање и казнување на сторителите на овој грд настан кој го има за цел нашето возвишено знаме, како и спречување на можни слични грди настани", пишува во соопштението.

Турската заедница во Македонија реагираше по нападот врз знамето на Турција во Тетово. Во реакциите, турските политички партии и здруженија го осудуваат нападот и ги повикуваат надлежните да ги пронајдат и казнат сторителите.



Слични вести