Премиерот Јилдирим на 29 и 30 март ќе престојува во официјална посета на БиХ

Во рамките на посетата, премиерот Јилдирим ќе оствари тет-а тет средба со премиерот Звиздиќ и ќе претседава со официјалните разговори меѓу делегациите

938617
Премиерот Јилдирим на 29 и 30 март ќе престојува во официјална посета на БиХ

Премиерот Бинали Јилдирим на 29 и 30 март ќе престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина.

Според соопштението кое беше објавено од страна на владиниот прес центар, на покана на претседателот на советот на министри на БиХ Дениз Звиздиќ на 29 март ќе отпатува во официјална посета на Босна и Херцеговина.

Во рамките на посетата, премиерот Јилдирим ќе оствари тет-а тет средба со премиерот Звиздиќ и ќе претседава со официјалните разговори меѓу делегациите. Исто така се предвидува да оствари средби со членовите на трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина, пратеници на Претставничкиот дом и Домот на народите во Собранието на БиХ.

На средбите ќе се разменат мислења во врска со билатералните односи меѓу двете земји, случувањата на Балканот, како и другите регионални и меѓународни прашања.



Слични вести