Косовската полиција го упаси Марко Ѓуриќ

Ѓуриќ, шеф на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија,е уапсен поради тоа што немал дозвола за влез во Косово од страна на Владата на Косово

938327
Косовската полиција го упаси Марко Ѓуриќ

Косовската полиција во Северна Митровица го уапси шефот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ, после што тој беше донесен во полициска станица во Приштина.

Ѓуриќ е уапсен поради тоа што немал дозвола за влез во Косово од страна на Владата на Косово. Ѓуриќ требал да присуствува на дебата за дијалог во Косово.

Шефот на Канцеларијата за Косово, Ѓуриќ, е уапсен во Северна Митровица и сеуште не е познато како влегол на територијата на Косово. Полицијата во Северна Митровица, поради собраните граѓани, користеше димни бомби.

Ѓуриќ, синоќа околу 18:30 часот е донесен во Приштина во полициска станица. Главните улици во овој град се блокирани и присутни се специјални и полициски единици на Косово кои се вооружени. Ѓуриќ во Приштина е дочекан со свирежи од страна на собраните граѓани од овој град.



Слични вести