ЕМС ја одобри траншата од 6,7 милијарди евра на Грција

ЕМС на 28 март на Грција ќе и испрати 5,7 милијарди евра

938759
ЕМС ја одобри траншата од 6,7 милијарди евра на Грција

Европскиот механизам за стабилност (ЕМС) ја одобри траншата од 6,7 милијарди евра за Грција.

ЕМС кој беше формиран со цел да се обезбеди потребната финансиска поддршка за земјите членки на еврозоната кои се соочуваат со финансиски проблеми и чие седиште се наоѓа во Луксембург, соопшти дека во рамките на програмата за спасување ја одобри траншата на Грција.

Според тоа, ЕМС на 28 март на Грција ќе и испрати 5,7 милијарди евра.

Во случај да продолжи програмата за спасување на земјата, на 1 мај се предвидува на Грција да и се испратат уште една милијарда евра од траншата.

На тој начин, вкупниот износ на кредитите кои ги обезбеди ЕМС на Грција во рамките на 3-та Програма за спасување на Грција од 86 милијарди евра, достигна 45,9 милијарди евра.

На состанокот на еврогрупата на почетокот на март, во рамките на 3-та програма за спасување, Грција и меѓународните кредитори постигнаа согласност за доделување на новата транша кредити помош на оваа земја.



Слични вести