Продолжуваат строгите мерки на властите во Унгарија кон бегалците

Според Унгарската канцеларија за имиграција и азил, во земјата каде што бројката на бегалци изнесува само 1781, се забележува дека унгарската Влада има отпор кон бегалците.

937844
Продолжуваат строгите мерки на властите во Унгарија кон бегалците

Продолжуваат строгите мерки на властите во Унгарија кон бегалците.

Унгарскиот портпарол на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Ерно Симон, изјави дека бегалците не можат да поднесуваат барања за азил во Унгарија, со последните чекори што ги презеде оваа земја.

Според Унгарската канцеларија за имиграција и азил (BMH), во земјата каде што бројката на бегалци изнесува само 1781, се забележува дека унгарската Влада има отпор кон бегалците.

Симон, ја опиша ситуацијата на мигрантите и бегалците во Унгарија.

Тој посочи дека во моментов има многу малку мигранти и баратели на азил во Унгарија, и истакна дека бегалците можат да поднесуваат барање за азил во два кампа во подрачјето на Розке и Томпа на границата помеѓу Унгарија и Србија.

Ерно Симон изјави дека претставниците на УНХЦР секојдневно ги посетуваат контејнерите поставени на границите и се сретнуваат со луѓето што се чуваат во притвор, и рече дека е неприфатливо секој азилант да биде чуван во притвор толкав период.

„Всушност, бегалците се казнети поради барањето азил од Унгарија. Покрај тоа, најмногу сме загрижени поради фактот што децата од 14 до 18 години кои немаат придружници, и родителите со бебиња што имаат само неколку месеци се чуваат во притвор. Има и деца родени во транзитната област. Неколку дена по породувањето, жените од болницата се враќаат во транзитната област со бодликава жица во метални контејнери заедно со нивните бебиња. Децата никогаш не треба да се остават зад жицата и воопшто не треба да бидат ставени во притвор. Ова е неприфатливо“, истакна тој.

Во Унгарија, многу владини претставници, особено премиерот Виктор Орбан, тврдат дека Европа е под инвазија од бегалците, црквите се затворени, џамиите се отворени, а бегалците имаат поставено свои закони.

Орбан, користејќи ги аргументите дека мигрантите „ја нападнале Европа“, и „се закана за христијанските вредности“, во своите досегашни изјави истакна дека не сакаат да ги прифатат бегалците.



Слични вести