Косово: Фрлен солзавeц во Собранието за да не се гласа за демаркација на границата со Црна Гора

Вонредната седница на Собранието на Косово на која требаше да се гласа за договорот за демаркација на границата со Црна Гора, е прекината со солзавец кој го фрлија пратениците на опозициското Движење „Самоопределување“.

934763

На почетокот на продожението на вонредната седница на Собранието кога претседателот на Собранието, Кадри Весели, го стави на гласање предлогот на пратеничката група на опозицискиот Демократски сојуз на Косово за измена на еден амандман на нацрт-законот за ратификација на договорот за државната граница меѓу Косово и Црна Гора, пратениците на „Самоопределување“ фрлија солзавец и седницата е прекината.

Пратениците на Собранието на Косово денес треба да гласаат за нацрт-законот за ратификација на договорот за државната граница меѓу Република Косово и Црна Гора, откако вчерашната дебата која траеше речиси 9 часа беше завршена во еден часот по полноќ.

Опозицијата пред две години со солзавец го спречи усвојувањето на договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

Слични вести