Турција ја реализира воената операција Маслиново гранче заради заштита на територијалниот интегритет

Аднан Ќахил министер во владата на Република Македонија кој престојува во посета на градот Карабуќ во Турција за воената операција Маслиново гранче на турските вооружени сили рече дека таа е остварена заради заштита на територијалниот интегритет

933110
Турција ја реализира воената операција Маслиново гранче заради заштита на територијалниот интегритет

Аднан Ќахил министер во владата на Република Македонија задолжен за странски инвестиции престојува во посета на градот Карабук во Турција.

Во разговор со новинарите министерот Ќахил меѓу другото се задржа на воената операција на турските вооружени сили Маслиново гранче во Африн и рече дека Турција ја реализира оваа воена операција заради заштита на територијалниот интегритет. ЕУ и сите треба да знаат дека, ако Европа има интереси и Турција и турскиот народ имаат интереси.

„Интегритетот на една држава не секогаш се обезбедува внатре во границите,понекогаш се појавува потреба да се интервенира и надвор од границите. Турција беше под закана на дејствување на терористички организации блиску до нејзината граница. Јас ,како и мојата партија и македонската влада ја поддржуваме Турција бидејќи тероризмот е тероизам независно од тоа каде делува.“ истакна министерот Ќахил.

Што се однесува до ставот на ЕУ во врска со Африн министерот Ќахил рече: Турција не е држава со територијални аспирации кон другите држави.

 



Слични вести