Ниту една земја од Западен Балкан не е подготвена за членство во ЕУ

Нема да има компромис околу критериумите

921426
Ниту една земја од Западен Балкан не е подготвена за членство во ЕУ

Претседателот на европската комисија Жан-Клод Јункер истакна дека ниту една земја од Западен Балкан не е подготвена за членство во ЕУ и додаде: „Нема да има компромис околу критериумите. Земјите од регионот мора да им стават крај на кризите и билатералните проблеми“.

Во Софија, главниот град на Бугарија која е земја претседавач со ЕУ, се одржа самитот „Европска комисија - Западен Балкан“.

На состанокот учествуваа претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, и претставничката за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, премиерот на Република Македонија Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди Рама, претседателот на Косово Хашим Тачи, претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседавачот со трипартитното претседателство на БиХ, Драган Човиќ, премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, како и премиерот на Бугарија Бојко Борисов.

Јункер по самитот одржа заедичка прес-конференција, на која изјави дека им се дава поддршка на земјите од Западен Балкан на нивните напори за реформи со цел да напредуваат на патот кон членство во ЕУ, но додаде дека до 2019 година ниту една земја нема да ѝ се приклучи на ЕУ.

Јункер истакна дека балканските земји се принудени да ги разрешат билатералните проблеми.

„Ниту една земја од Западен Балкан не е подготвена за членство во ЕУ. Нема да има компромис околу критериумите. Земјите од регионот мора да им стават крај на кризите и билатералните проблеми. Внимателно ја следиме стабилноста во регионот“, изјави Јункер.

Јункер потсети на состанокот за членство во ЕУ одржан во италијанскиот град Трст, на кој се одредени 155 критериуми, од кои секој е одделно значаен, и истакна дека верува оти местото на Западниот Балкан е во Европската Унија.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, истакна дека сите страни треба да се подготват по повод најавениот Самит меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ, најавен за 16 и 17 мај во Софија.

Борисов ја критикуваше структурата за комуникација меѓу земјите од Западен Балкан. Тој рече: „Врските меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ се многу лоши“.

Од друга страна, еврокомесарот Јоханес Хан, одговорен за проширување на ЕУ, пред состанокот, за Бугарската национална телевизија (БНТ) даде изјава во која рече: „Нема да биде прифатена ниту една земја што е во конфликт со своите соседи”.

Хан истакна дека одредени депресии на Балканот траат со години. „Колку подолго ќе траат овие депресии, толку долго ќе траат и решенијата“, процени Хан.

Истакнувајќи дека луѓето ниту во секојдневниот живот не треба да имаат лоши односи со соседите, Хан рече дека „добар пример“ за тоа претставува потпишаниот договор за добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија, кој е одолговлекуван со години.

Зборувајќи за важноста на усогласувањето на дијалогот меѓу Косово и Србија, Хан рече дека решението ќе биде наградено со европска перспектива.

Хан изјави дека 80 отсто од народите на Западен Балкан, за себе и своите внуци очекуваат европска перспектива, со цел подобар живот, повисок животен стандард и мир.



Слични вести