Во џамиите во Македонија и во БиХ се читаа молитви за успех на турската војска во Африн

Во сите џамии во Македонија и во Босна и Хедрцеговина пред џума намазот денеска се читаа молитви за поддршка и за успешно окончување на воената операција на турските вооружени сили Маслиново гранче

897876
Во џамиите во Македонија и во БиХ се читаа молитви за успех на турската војска во Африн

Во сите џамии во Македонија и во Босна и Хедрцеговина пред џума намазот денеска се читаа молитви за поддршка и за успешно окончување на воената операција на турските вооружени сили Маслиново гранче на пограничниот град Африн во Сирија.

Сулејман Баки ваизот (проповедникот) на џамијата Мурат Паша во Скопје ги запозна верниците со воената операција Маслиново гранче и рече дека оваа операција пред се е мировна операција.

И во џамиите во Босна и Херцеговина се одржаа молитви за поддршка и за успешно окончување на воената операција на турските вооружени сили Маслиново гранче на пограничниот град Африн во Сирија.

Советникот амбасадор во амбасадата на Република Турција во Сараево Хасан Атли рече дека со одлука на Исламската заедница во сите џамии во поголемите градови во Босна и Херцеговина ќе се читаат молитви за успех на турската војска во Африн,Сирија.

 



Слични вести