Ибрахим Калин во посета на Босна и Херцеговина

Ибрахим Калин во Сараево беше примен од претседателот на трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ.

897141
Ибрахим Калин во посета на Босна и Херцеговина

Портпаролот на претседателот на Република Турција, Ибрахим Калин, ја започна својата посета на Сараево, со посетата на гробот на првиот претседател на Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ.

Калин, се наоѓа во Сараево за да учествува на конференцијата „Иднината на исламот и муслиманите во Европа на оската на Андалузија и БиХ“, која е организирана од страна на Унијата на европски балкански демократи (УЕБД) во Босна и Херцеговина во рамките на Европската унија на турските демократи (УЕТД).

Тој првин ги посети гробиштата „Ковачи“.

Калин на гробиштата се молеше за Алија Изетбеговиќ и постави цвеќе на споменикот на херојски загинатите борци.

Тој ги посети и историската Башчаршија и Гази Хусрев Бег Џамија, една од најважните османлиски џамии во градот.

Нешто подоцна Ибрахим Калин беше примен од претседателот на трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ.

 



Слични вести