Продолжуваат преговорите околу името на Македонија

Посредникот на ОН во разговорите за името, Метју Нимиц претходно рече дека решението за спорот за името е на повидок со што ќе се стави крај на 27-годишниот спор меѓу Грција и Македонија.

891033
Продолжуваат преговорите околу името на Македонија

Владата на Република Македонија е посветена на решавање на спорот кој Република Грција го има со уставното име на Република Македонија. Активно се создаваат услови за придвижување на процесот напред, а исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни, имајќи ги предвид разликите, се вели во соопштението на Владата.

Инаку за решавање на 27 годишниот спор меѓу Македонија и Грција околу името на Македонија и за надминување на политичката затегнатост се оствари средба во ОН.

Македонија во ОН е примена како Поранешна Република на СФРЈ, но Скопје бара да биде призната како Република Македонија.

Грција се противи на тоа и вели дека името Македонија припаѓа на северниот нејзин дел и тврди дека тоа може да предизвика спор околу териториите меѓу двете земји во иднина.

Посредникот на ОН во разговорите за името, Метју Нимиц претходно рече дека решението за спорот за името е на повидок со што ќе се стави крај на 27-годишниот спор меѓу Грција и Македонија.

Нимиц додаде дека тој и на двете земји им доставил предлог за решение на спорот околу името и додаде дека ќе ги посети Скопје и Атина за да ги запознае со предлогот наведувајќи дека се надева на позитивен исход на преговорите.

 

 

 

 



Слични вести